Затворен Босфорскиот теснец откако товарен брод заринка на брегот кај Истанбул

Товарен брод заринка на брегот во Истанбул, што предизвика затворање на целото пристаниште во Босфорскиот теснец, јави Си-Ен-ЕН Турк.

Засега нема информации за жртви или повредени во инцидентот.
Станува збор за бродот „Сонга Иридум“ што пловел под знамето на Либерија, а инцидентот се случил додека се приближувал кон пристаништето Амбарли во Истанбул. Бродот испловил од пристаништето Одеса во Украина, тој се заринкал 25 минути по влегувањето во Босфорскиот теснец.

Босфорски теснец, кој е долг 20 километри го поврзува Црното со Егејското Море и формира граница меѓу Европа и Азија.

Турските власти минатата година објавија нови регулативи за да се олесни сообраќајот во Босфорот. Низ него годишно пловат повеќе од 50 илјади бродови, меѓу нив и повеќе од 8000 танкери.