Заев - Ако „Шверцерите“ не ја платат штетата во МНТ, тоа ќе го стори директорката

Навивачката група Шверцери во МНТ

Направената штета во МНТ ќе ја надомести навивачката група „Шверцери“, а ако тие не ја платат, тоа ќе го стори директорката на установата Симона Угриновска, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратенички прашања во Собранието. Штетата изнесува околу 4000 евра, а навивачката група на фудбалскиот клуб Шкупи, ја направи за време на прославата на Денот за албанската азбука на 22 ноември. Заев вели дека таа штета мора да се плати.

Првиот дел од прославата беше во организација на владата, но тој завршил околу 20:30 часот, вели Заев, додека другиот дел, на кој присуствувала навивачката група се случувал во 21. Во продолжение на одбележувањето на Денот на албанската азбука се одржал настан на кој прославувале навивачите на ФК „Шкупи“ – „Шверцери“ по што е оштетен инвентар. Но за тој настан имало само устен договор, затоа што немало и време кога да се направи, одговори премиерот.

„Рефлексијата на тоа е и материјалната и духовната штета и некој треба да понесе одговорност“, изјави од собраниската говорница претседателот на Владата

За директорката има дисциплинска постапка.