Отпуштени 30 илјади турски полицајци поврзани со пучот во 2016

Турски полицајци

Повеќе до 30 илјади полицајци се отпуштени од работа во Турција во рамки на борбата против организацијата на проповедникот Фетула Ѓулен, која турските власти ја сметаат за одговорна за обидот за пуч во 2016 година.

Информацијата денеска ја потврди претседателот на Големото Народно собрание Мустафа Шентоп, кој зборуваше на церемонијата на доделување дипломи на новите полицајци на Полициската академија, при што изјави дека дури третина од отпуштените биле високи полициски службеници.

Тој рече и дека 10.311 службеници се вратени на работа, откако не биле пронајдени докази кои ги потврдуваат наводите на сомнежот за вмешаност во ФЕТО.