Талибанците нападнале воен комплекс во Авганистан

Aвганистански војници.

Најмалку шест авганистански војници загинаа во бомбашки напад во северната провинција Балх, соопштија локалните власти. Нападот кој се случил во утринските часови бил насочен кој воен комплекс.

Првин експлодирала автомобил бомба, а потоа милитанти упаднале во комплексот, се вели во соопштението на Министерството за одбрана. Според Министерството станува збор за терористички напад. Милитантите и војниците се бореле неколку часа, пред милитантите да бидат совладани. Во нападот се повредени најмалку тројца војници.

Засега ниту една група не презеде одговорност за нападот, но Министерството за одбрана и локалните власти ги обвинија талибанците.

Овој напад доаѓа на два дена откако талибанците упаднаа на контролен пункт во областа Далат Абад во Балх, при што загинаа седум авганистански војници.

Талибанците продолжуваат со речиси секојдневни напади и покрај тоа што траат преговорите за ставање крај на воениот конфликт во Авганистан.