Италијанскиот министер за образование поднесе оставка

италијанскиот парламент

Италијанскиот министер за образование Лоренцо Фиорамонти поднесе оставка поради тоа што не добил доволно пари од владата за подобрување на состојбата на училиштата и факултатети во земјата. Тој бараше дополнителни 3 милијарди евра, но тие не беа предвидени со буџетот за наредната година кој помина во италијанскиот парламент. Фиорамонти предлагаше зголемување на даноците за авиобилети, пластични производи и шеќер, но тоа беше отфрлено од неговите опоненти со образложение дека Италијанците веќе плаќаат доволно даноци.