Бегалците и мигрантите во фокусот на божиќната порака на папата

Папата Франциск.

Маките на бегалците и на мигрантите се најдоа во божиќната порака на папата Франциск. Тој рече дека неправдата ги тера луѓето да минат пустини и мориња и да ги изгубат нивните животи. Неправдата ги тера да истрпат неиздржливи злоупотреби, да бидат робови од секаков вид и да живеат во нехумани логори, рече папата. Тој рече дека се надева дека Бог ќе ги омекне камените и егоистичните срца на луѓето и така ќе се запре неправдата кон мигрантите.

Папата ја пренесе традиционалната порака пред илјадниците луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Папата повика и на мир во земјите зафатени од конфликти.