Влада: Нема правен основ за одговорност на Анѓушев

Бујар Османи, Кочо Анѓушев и Зоран Заев на седница на Влада

По повод информацијата за поднесената иницијатива на Државната комисија за спречување на корупција за поведување постапка за утврдување одговорност на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и координација со економските ресори, на вчерашната седница е утврден одговорот на Владата кој ќе биде испратен до ДКСК, информира владината прес-служба. Во текстот на одговорот се наведува дека точката Предлог-одлука за укинување на царинската стапка за електрични јон-литиумски акумулатори била повлечена од 29-тата седница на Владата на 26 септември и повторно била вратена на усвојување на 36-тата седница на 7 ноември, откако во меѓувреме заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев со писмен поднесок ја информирал владата дека се иззема од учеството за донесување на предлог-одлуката, се вели во соопштението од Владата.