Директорот на Боинг си поднесе оставка

Извршниот директор на компанијата Боинг Денис Мјуленбург

Извршниот директор на компанијата Боинг Денис Мјуленбург поднесе оставка, соопштија денеска од компанијата оценувајќи дека им се неопходни промени во раководството за да се врати довербата кон нив. До ова доаѓа откако Боинг со месеци е во криза по двете несреќи со авионите 737 Макс кои се случија за помалку од пет месеци. Од 13 март е забрането летање на сите авиони од тој модел. Во повеќето технички и административни истражувања се покажаа бројни неправилности особено во процесот за добивање на сертификат.