Загадувањето ги затвори училиштата во Техеран

Граѓаните во Техеран се шетаат со маски.

Училиштата во Техеран ќе останат затворени една недела поради сериозното загадување на воздухот, објавија иранските власти. Техеран трет ден по ред е под токсичен смог. Сите училишта во Техеран, освен во два огруга ќе бидат затворени, соопштија властите.

Мерењата покажаа дека просечната концентрација во воздухот на најопасните честички (ПМ 2.5) изнесувала 147 микрограми на метар кубен во последните 24 часа.Тоа е речиси шест пати повеќе од препорачаниот максимум од Светската здравствена организација.

Загадувањето во Техеран се влошува во текот на зимата. Училиштата се затвораат за ранливите млади групи да се задржат дома и да не се изложуваат на загадување, но и за да не се движат автобусите кои го загадуваат градот.

Сепак критичарите велат дека затворањето на училиштата е ограничена мерка за решавање на проблемот.