Белоруската полиција запленила повеќе од 500 килограми хероин

Архивска фотографија - Заплнет хероин

Полицијата во Белорусија запленила 500 килограми хероин, што е најголема заплена на хероин во државата, соопштија тамошните власти.

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека четворица луѓе, меѓу кои и една жена на една медитеранска земја се уапсени во Минск кон крајот на ноември откако полицајците одзеле скоро 550 килограми хероин од нив. Според Министерството тоа е најголемата заплена на хероин во земјата.

Од полицијата соопштуваат дека хероинот бил од Авганистан и бил наменет за продажба во земјите од Европската унија. Хероинот бил сокриен во мебел.