Аерозагадувањето тема на седницата на Советот за безбедност

претседателот Стево Пендаровски

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде одржана втората седница на Советот за безбедност. На првиот дел од седницата, ќе бидат разгледани тековните прашања поврзани со безбедноста и одбраната на Републиката, соопштија од Кабинетот на Пендаровски. Вториот дел на седницата ќе биде посветен на проблемот со аерозагадувањето. На дебатата, покрај членовите на советот, ќе учествуваат и тројца претставници на Здружените граѓански иницијативи и организации, кои во изминатиот период одржаа средба со претседателот Пендаровски во однос на заштитата на животната средина, а преку писмо дадоа предлози и иницијативи за надминување на загадувањето од запалени депонии, пожари и оган на отворено.