Либанците протестираат против новиот премиер

Илјадници Либанци демонстрираа во Бејрут

Илјадници Либанци демонстрираа во Бејрут и во други градови против новиот премиер Хасан Дијаб, барајќи од него да ја напушти функцијата бидејќи бил припадник на владејачката елита. Демонстрантите блокирале неколку патишта, во протест против Дијаб кој ја има поддршката од екстремистичкиот Хаболах, но не и од водечките групи на сунитските муслимани. Дијаб е универзитетски професор и има за задача да ја извлече земјата од најголемата економска криза.