Идентификуван напаѓачот во Москва

Руската полиција соопшти дека е идентификуван човекот кој што отвори оган кон московското седиште на Федералната служба за безбедност. Станува збор за Јергени Минујров, 39 годишен поранешен чувар во таа институција.

Еден полицаец и напаѓачот беа убиени, а петмина беа ранети по вчерашната престрелката пред седиштето на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) во центарот на Москва. Повредени се четворица припадници на руската служба и еден цивил, соопштија властите.