Преговори, надежи и избори

МАКЕДОНИЈА - Името на техничкиот премиер ќе биде познато кон крајот на следната недела, откако следниот петок ќе заседава Централниот одбор на СДСМ, а претходно ќе се состане и Извршниот одбор, изјави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

МАКЕДОНИЈА - Судски совет во допис до претседателите на судовите бара од нив во рок од една недела да му достават податоци за бројот на стари нерешени предмети и застарени случаи.

РУСИЈА - Еден полицаец и напаѓачот се убиени, а пет луѓе се повредени во престрелка пред седиштето на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ), во центарот на Москва. Повредени се четворица припадници на руската служба и еден цивил, соопштија властите.

ЈАПОНИЈА - Иранскиот претседател Хасан Рохани се сретна со јапонскиот премиер Шинзо Абе, во време кога Токио се обидува да посредува меѓу Иран и Соединетите Американски Држави во услови на зголемени тензии меѓу двете земји.

АЛБАНИЈА - Во Тирана се одржува состанок на лидерите од Западен Балкан, во рамките на иницијативата Мал Шенген. Според тиранската телевизија Топ ченел, за разлика од претходните два состанока, што се одржаа во Нови Сад и Охрид, овој во Тирана е биде под американски надзор.

ХРВАТСКА - На 22 декември Хрватите избираат претседател. 3,85 милиони гласачи ќе одлучуваат кој од кандидатите - Колинда Грабар китаровиќ, Мирослав Шкоро и Зоран Милановиќ - ќе влезе во вториот круг. 

ИРАК - Предвремени избори се единствен излез од сегашната ситуација во која се наоѓа Ирак, по немирите кои ја зафатија земјата, рече врховниот шиитски свештеник, ајатолах Али ал Систани. Тој додаде дека наскоро треба да се формира нова влада.