Хрватска в недела избира претседател

Aктуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

Во Хрватска денеска е последен ден од кампањата на кандидатите за претседателски избори. На полноќ почнува изборниот молк.

Првиот круг од претседателските избори во Хрватска ќе се одржи в недела, 22 декември, а 3,85 милиони избирачи ќе одлучуваат кој ќе влезе во вториот круг. Речиси сите анкети како водечки тројца кандидати ги издвојуваат актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, поддржана од владејачката ХДЗ, Зоран Милановиќ, кандидат на СДП и независниот кандидат Мирослав Шкоро.

Хрватската радиотелевизија (ХРТ), според најновата анкета, објави дека во вториот круг ќе се натпреваруваат сегашната претседателка Грабар Китаровиќ со освоени 28,3 отсто од гласовите и поранешниот хрватски премиер, социјалдемократот Зоран Милановиќ со поддршка од 26,6 проценти.

На изборите в недела ќе учествуваат вкупно 11 кандидати.