Сервер: Јазикот не може да е услов за старт на преговорите со ЕУ

Американскиот политички експерт Даниел Сервер

Американскиот политички експерт Даниел Сервер изјави дека ставот на Бугарската академија на науките дека македонскиот јазик на постои не треба да се земе здраво за готово, укажувајќи дека тоа не треба да биде услов за старт на преговорите за членство во ЕУ. Сервер кој е професор на вашингтонскиот Универзитет за напредни меѓународни студии „Џон Хопкинс“ и добар познавач на работите на Балканот вели: „Британците никогаш официјално не признале американско-англиски јазик. И што со тоа. Јазикот сè уште постои“.