Редовна маратонска годишна прес конференција на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ја одржи неговата редовна годишна прес конференција, маратонски настан кој доаѓа по летните протести што ја зафатија Москва и други градови во земјата. Кремљ соопшти дека на оваа 15 по ред годишна прес конференција на Путин се пријавени рекорден број новинари, односно 1,895. Настанот е легендарен и по неговото времетраење. Прес конференцијата во 2008 година траеше рекордни шетири часа и 40 минути.