Бомба пред школо, импичмент пред Трамп...

МАКЕДОНИЈА - Направа што наликува на рачна бомба била пронајдена покрај автомобил на паркинг-просторот во близна на Средното уметничко училиште Лазар Личеноски во Скопје, поради што се евакуирани сите присутни во објектот, потврди полицијата.

МАКЕДОНИЈА - Во првите девет месеци од годината биле спречени 18.448 обиди за илегално преминување на границите на Македонија, за разлика од лани кога беа откриени 13.143 вакви случаи, покажуваат податоците на МВР.

МАКЕДОНИЈА - Претседателот Стево Пендаровски во годишното обраќање пред пратениците во Собранието рече дека целта му била да остане независен, претседател на сите, а не партиски послушник или апологет на некој транзициски олигарх.

УКРАИНА / САД - Високиот американски дипломат во Украина, Вилијам Тејлор, ќе ја напушти функцијата наредниот месец, по краткиот мандат во земјата, одбележан од истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп.

Batken-Kyrgyzstan-Tajikstan-border conflict

САД - Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри закон со кој се обезбедуваат милијарда долари за енергетски проекти во Источна Европа и Евроазија со цел да се ослободи регионот од зависноста на руски гас и нафта.

ПАКИСТАН - Талибанците во Пакистан убиле двајца полицајци кои ги заштитувале тимовите од здравствени работници кои на терен спроведуваат вакцинирање против детска парализа (полио).

САД - Неколку минути откако спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси објави дека Домот денеска ќе гласа за импичмент, претседателот Доналд Трамп ја обвини за обид за пуч и за поткопување на американската демократија.