Реакции по изјавата на Тахири дека ќе има војна ако Србија не го признае Косово

Едита Тахири

Поранешната шефица на преговарачкиот тим на Приштина во дијалогот со Белград, Едита Тахири денеска изјави дека ќе се случи војна ако Србија не ја признае независноста на Косово. Таа вели дека дијалогот Белград – Приштина не е прекинат поради воведување на царини на артиклите од Србија, туку затоа што Косово било во опасност.

На нејзината изјава реагираше српскиот министер за одбрана Александар Вулин. Тој во пишана изјава вели дека нема да има независно Косово.

И партијата на косовските Срби, Српска Листа реагираше на изјавата на Тахири. Според нив ѕвечкањето со оружје и повикувањето на судири е најопасната опција.

Според Српска Листа на изјавата на Тахири би требало да реагираат сите политички претставници во Приштина, но и меѓународни претставници, посебно КФОР, Еулекс, Европската унија и УНМИК.