Регистрирани 67 професионални онлајн медиуми

Регистарот на професионални онлајн медиуми, кој денеска беше презентиран, има вкупно 67 членки. Во регистарот влегуваат онлајн медиуми со транспарента сопственичка структура, кои се обврзуваат дека ќе ги почитуваат професионалните стандарди и ќе објавуваат информативни содржини. Регистарот го презентираа Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). Кон процесот на креирање на регистарот се приклучи и Стопанската комора на Македонија. Регистарот е направен според примери од странство и во консултација со новинарската, медиумската и бизнис-заедницата во државата. Целта на регистарот е читателите да знаат дека медиумите ги почитуваат стандардите и не шират лажни вести и дезинфомрации.

Ставот на ЗНМ и на СЕММ е дека саморегулацијата е најмоќно решение за поттикнување на професионалноста во медиумите, не само во сегашни околности, туку и на подолг рок. Доколку некој од членовите ги прекрши стандардите ќе биде избришан.

Веб-страницата на PROMEDI@ МК од 1 јануари 2020 година ќе стане целосно функционална и редовно ќе се ажурира со податоци за членките на регистарот.