Годинава во Македонија се обиделе да влезат над 18 илјади мигранти

Македонско - грчка граница.

Во првите девет месеци од годината биле спречени 18.448 обиди за илегално преминување на границите на Македонија, за разлика од лани кога беа откриени 13.143 вакви случаи, покажуваат податоците на МВР. Најголем дел од обидите се регистрирани на границата со Грција, или околу 90,7 отсто, а околу осум проценти се на границата со Србија. И оваа година најбројни биле мигрантите од Пакистан и Авганистан.

На денешната дебата за безбедност на границите, учесниците истакнаа дека Западниот Балкан се уште останува транзитна рута преку која поминуваат илегалните имигранти, кои потоа се упатуваат кон земјите од Западна Европа.

Во Македонија во 2015 е донесена одлука за прогласување кризна состојба на јужната и на северната граница, за справување со илегалната имиграција. Таа состојба континуирано се продолжува.