Фридман: Заклучокот на БАН за јазикот е враќање во времето на фашизмот

Јулијан Ривалски, претседател на Бугарската академија на науки, Софија, 17.07.2019,

Негирањето на македонскиот јазик и македонските дијалекти од страна на Бугарската академија на науките е дел од политиката на негирањето на македонското малцинство во Бугарија, изјави американскиот лингвист Виктор Фридман. Заклучокот на БАН дека македонскиот јазик на постои, односно дека е дијалект на бугарскиот јазик е враќање во времето на фашизмот, смета професорот Фридман, долгогодишен шеф на Катедрата за јужнословенски јазици на Универзитетот во Чикаго кој повеќе од 30 години се заминава со лингивистиката на Балканот. „Бугарите, освен крактрајното признавање од 1946 до 1948 година, никогаш навистина не го признале македонскиот јазик и сметам дека сегашниот однос на нивната академија по ова прашање е враќање во 1930-ти и рани 1940-ти години, значи времето на фашизмот, кога велеа дека нема македонски јазик, односно тој бил бугарски“, изјави Фридман за Гласот на Америка. Според него, Преспанскиот договор ги засили апетитите на Бугарија. „Да немаше Преспански договор, Бугарите ќе седеа малку потивко, затоа што Македонија ќе немаше шанси да стане дел од Европа заради Грција, изјави Фридман.