Македонија 82-ра во извештајот на УНДП за човеков развој

Извештај на УНДП за човековиот развој 2019

Северна Македонија е рангирана на 82. место од вкупно 189 земји во годинешниот Извештај на УНДП за човековиот развој 2019 – Нееднаквостите во човековиот развој во 21 век. Во извештајот Северна Македонија се наоѓа во категоријата на земји со висок човеков развој и од 2000 година до 2018 година бележи развој во сите категории. Пред нас, во категоријата земји со висок човеков развој, се Босна и Херцеговина, Албанија и Србија.

Коментирајќи го извештајот, претседателот Стево Пендаровски, кој учествуваше на презентацијата, рече дека овие резултати се охрабрувачки само на прв поглед и оти постојат неколку области во кои сме понапред од другите во регионот, па дури сме на високо ниво и во однос на останатите европски држави, на пример присуството на жени во некои институции. Меѓутоа, додаде тој, постојат многу повеќе категории каде што сме на самото дно во Европа или во втората долна половина кога го мерите само балканскиот регион и дека мора сериозно да се преземе се што е неопходно.