Ременски очекува да се запре постапката против неа за „Меѓународен сојуз“

Фросина Ременски

Пратеничката и потпретседателка на Собранието Фросина Ременски очекува Јавното обвинителство да ја запре постапката против неа за случајот со невладината Меѓународен сојуз. Ременски даваше исказ за случајот во Обвинителството. Таа беше почесна потпретседателка на Сојузот, а нејзин претседател беше Бојан Јовановски, Боки -13, кој е обвинет во случајот Рекет, за барање поткуп. Истрагата за Меѓународен сојуз се однесува на злоупотреба за измама и перење пари. Ременски се товари за помагање во делото измама.

По излегувањето од Обвинителството, Ременски рече дека дале одговори и појаснувања за прашања којшто можеби биле причина за отварање на истрагата. Таа рече дека го добила решение дека истрагата за неа е завршена.