Времето денеска: сончево со мала облачност

Ќе биде сончево со мала облачност. По котлините во поголем дел од денот ќе се задржи магливо и постудено. Утринската температура ќе биде од минус три до три, а дневната од седум до 17 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу нула, а дневната ќе достигне до седум степени.