Продолжуваат протестите во Бејрут

Бејрут

Илјадници либански демонстранти се вратија да протестираат пред парламентот во Бејрут откако безбедносните сили претходно ги растераа со солзавец и гумени куршуми, ранувајќи десетина луѓе. Во ноќта меѓу саботата и неделата безбедносните сили им се спротивставија на демонстрантите најостро од почетокот на протестите против владата пред два месеца. Протестите кон крајот на октомври доведоа и до оставка на премиерот Саад Харири. Демонстрациите продолжија поради најавите дека Харири би можело повторно да ја преземе функцијата премиер.