Меркeл: неопходни работници надвор од ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нејзината земја сака да го реши недостигот на стручњаци со давање добра обука за што поголем број луѓе. Таа исто така додаде дека е неопходно и вработување на квалификувани луѓе од другите замји на ЕУ, но и надвор од неа. Меркел оцени дека тоа што во Германија веќе работат над 2,5 милиони луѓе од другите земји на ЕУ не било доволно. Законот за имиграција на квалификувани работници стапува во сила на 1 март 2020 година и има за цел да го олесни доѓањето во Германија на квалификувани работници од земјите кои не се членки на ЕУ.