Пожар во Тетово, еден маж потешко повреден

Илустрација

Еден маж потешко повреден со изгореници од четврт степен, а 10 лица затруени од чад се последиците од пожарот што се случи денеска околу 11:00 часот во еден стан во зграда на улицата „Димо Гавровски Кара“ во Тетово. Тешко повредениот е пренесен во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје.

Според сведочењата на станарите пред пожарот се слушнала силна екплозија за која сметаат дека е од плинска боца.

„Мажот излезе да види што се случи, како лифтот да падна, удри еден чад, црнила. Побегнавне назад. Викаше човекот од станот, ние не го познаваме, целиот изгорен. Се чудевме што се случи, страшна работа. Видовме дека е плинска боца, ја испуштија. Алал да им е на пожарникарите, како реагираа“, рече жена на 60-тина години.

Од тетовската пожарникарска единица информираат дека интервенирале со 10 пожарникари и три возила.