Времето денеска дождливо

Врнежи од дожд со слаб интензитет утринава има во западните и јужните делови од државата. Дува и слаб до умерен југоисточен ветер во долниот тек на Повардарието. На планините има врнежи од снег. За денеска синоптичарите најавуваат пообилни врнежи од дожд во западните и јужните делови кои во текот на денот ќе се преместуваат кон југосток. Попладне врнежите ќе прекинат. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 7 до 12 степени. Во Скопје слично време со максимална температура до девет степени.