Во Украина приведени осомничени за убиство на новинарот Шеремет

Еден од приведените за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција соопшти дека денеска привеле петмина осомничени за убиството пред три години на истакнатиот новинар Павел Шеремет. Полицијата соопшти дека осомничените имале за цел да ја дестабилизираат социјалната и политичка состојба во Украина со убиство од висок профил.

Според податоците од украинското министерство за внатрешни работи во последниве години се извршени 35 слични злосторства во кои дел од нив се осомничени веќе приведените за убиството на Шеремет. Дел од осомничените учествувале во поддршка на украинските вооружени сили во борбата против сепаратистите поддржани од Русија.

Министерот за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека апсењата следуваат после тешка истрага и дека јавноста со овие шокантни резултати треба да ја разбере разликата меѓу патриотизмот и предавството.

Новинарот Шеремет, беше убиен на 20 јули 2016 година во центарот на Киев, кога во неговиот автомобил беше подметната бомба.