Од Диво насеље до Нов Зеланд

МАКЕДОНИЈА - Обвинителката Фатиме Фетаи на рочиште за случајот Монструм, рече дека еден од осудените во Диво насеље, Шевчет Халачи, и пратил материјали за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Таа рече дека Шефчет Халачи и се јавил во јуни годинава од затвор и ѝ рекол дека има 140 гига бајти прислушувани разговори, кои тој ги праќал и на Ел Чека. Таа му кажала тие снимки да ги испрати и до СЈО.

МАКЕДОНИЈА - Владата го усвои Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година, кој ќе биде доставен до Собранието. Владата прифатил 12 амандмани кои произлегоа од расправата за буџетот во собраниските комисии. Дополнетиот Предлог буџет за 2020 година треба да биде на пленарна седница наредната недела.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Граѓаните на Британија гласаа на вонредни парламентарни избори на кои се решава не само кој ќе управува во земјата, туку дали, кога и како оваа земја ќе излезе од Европската унија.

РУСИЈА - Руските власти соопштија дека ќе протераат двајца германски дипломати, како одговор на сличен ваков потег од страна на Берлин минатата недела.

ТУРЦИЈА - Официјална Анкара смета дека американскиот закон за санкции против Турција е непочитување на нејзините суверени одлуки, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.

ГРУЗИЈА - Полицијата во Тбилиси уапси 12 демонстранти, меѓу кои и лидерот на опозициската партија Нова Грузија, Гиорги Вашадзе, откако се обидоа да го блокираат влезот во Парламентот.

РУСИЈА - Избувна пожар на единствениот руски носач на авиони Адмирал Кузњецов, додека на бродот се вршеле поправки во бродоградилиштето во северозападниот регион Архангелск, јавија руските медиуми.

ШПАНИЈА - Лидерот на Социјалистичката партија и досегашен премиер на Шпанија Педро Санчез го прифати мандатот да формира нова влада што претходно му го понуди кралот Фелипе Шестти. Санчез ќе се обиде да формира нов кабинет иако се чини дека нема доволно поддршка.

НОВ ЗЕЛАНД - Бројот на жртвите од ерупцијата на вулканот на Нов Зеланд порасна на 16 откако две хоспитализирани лица починале, соопштија властите.