Владата прифати 12 амандмани на предлог Буџетот

Седница на Владата

Владата на денешната седница го усвои Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година, кој ќе биде доставен до Собранието. Владата прифатил 12 амандмани кои произлегоа од расправата за буџетот во собраниските комисии. Дополнетиот Предлог буџет за 2020 година треба да биде на пленарна седница наредната недела.

На денешната седница Владата ја утврди и листата со 19 предлози за назначување амбасадори во Атина, Белград, Загреб, Тирана, Брисел, Хаг, Москва, НАТО, Совет на Европа (Стразбур), ОН (Женева), Доха, Прага, Њу Делхи, Рим, Тел Авив, Копенхаген, Ватикан, Приштина и Пекинг.

Листата ќе биде доставена до Претседателот на државата Стево Пендаровски.

Првично на листата биле 21 кандидат, но утврдени се 19, бидејќи за двајца кандидати треба да се завршат дополнителни чекори.