Шпанија - Санчез доби мандат за формирање влада

Педро Санчес

Шпанскиот крал Фелипе Шестти му довери на досегашниот премиер Педро Санчез мандат да се обиде да формира влада иако се чини дека лидерот на социјалистите нема доволно поддршка. Социјалистичката партија доби најмногу гласови на изборите во минатиот месе и има 120 пратеници. Тоа значи дека на Санчес му се потребни уште 56 гласа во парламентот за да има мнозинство. Тој извесно време се обидува да ја придобие поддршката на помалите партии, а постигна договор со левичарскиот Подемос кој има 35 пратници. Според шпанскиот устав, монархот му дава мандат за формирање влада, а по консултации со партиските лидери.