Времето денеска: облачно со локален дожд

Ќе биде умерено до значително облачно со слаб локален дожд, а на планините локално со слаб снег. Утринската температура ќе биде од минус три до пет, а дневната од два до 10. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу два, а дневната ќе достигне до осум степени.