Расте бројот на жртви по ерупцијата на вулканот во Нов Зеланд

Бројот на настрадани по ерупцијата на вулканот на островот Вајт, во Нов Зеленд, се искачи на осуммина, откако надлежните потврдија дека починале уште две лица, пренесе АП. Полицијата соопшти дека жртвите починале во болницата од повредите здобиени за време на трагична ерупција на Нов Зеланд.

Хирурзите соопштија дека третманот на преживеаните е попречен од специфичноста на изгорениците поради ерупција на хемикали и дека 22 пациенти сè уште дишат со апарат, пренесуваат локалните медиуми. Според лекарите, денеска биле пребарани околу 100 квадратни метри кожа од САД за да ги лекуваат преживеаните од кои некои имаат изгореници на дури 95 проценти од нивните тела. За време на ерупцијата, на островот имало 47 туристи, од кои за шестмина веднаш беше потврдено дека загинале, а 30 туристи завршиле во болница со изгореници, од кои некои сè уште се во животна опасност.