Унгарија донесе закон за владина контрола врз театрите

Илустрација - Зградата на унгарскиот Парламент

Унгарскиот Парламент денеска усвои закон со кој се зголемува владината контрола врз театарите во државата. Законот беше донесен по итна постапка, со мнозинство гласови од партиите партнери на премиерот Виктор Орбан. 115 пратеници беа „за“, а 53 беа „против“, објави АП.

Пратениците од опозицијата за време на гласањето држеа црна театарска маска, јавија локални медиуми. Предлог-законот предвидува формирање Национален културен совет за владино „централизирано стратешко управување со културните сектори“ и се зголемува нејзината улога во управувањето со локалните театри и финансирањето.