ЕК го претстави европскиот зелен план

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен наведе дека Планот содржи 50 практични чекори што треба да се имплементираат до 2050 година.

Европска комисија денеска го претстави „Грин дил” - Европскиот зелен план со кој Европа до 2050 година треба да биде прв климатско неутрален континент, а во исто време да ги зајакне економијата, ќе го подобри здравјето и квалитетот на живот на европските граѓани, објави Ројтерс.

„Европскиот зелен план е нашата нова стратегија на раст кој повеќе дава отколку што одзема. Во планот е опишано како ќе го преобразиме нашиот начин на живот и работа, потоа производството и потрошувачката со цел да живееме поздраво и да работиме поинвентивно. Сите можеме да учествуваме во транзицијата и да имаме корист од можностите што ќе ги донесе“, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен при претставувањето на Планот во Брисел.

Дер Лајен наведе дека Планот содржи 50 практични чекори што треба да се имплементираат до 2050 година.