Ципрас: Мицотакис со 3 раце ќе потпишеше договор како тој од Преспа

Архивска фотографија - Алексис Ципрас со Зоран Заев во Скопје

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис апсолутно знае дека да беше тој и да имаше еден таков договор ќе го потпишеше со три раце, а не со две.

Ова го изјавил поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во интервју за локалната грчка телевизија ТРТ, говорејќи за Договорот од Преспа, пренесе МИА. Ципрас ја критикувал актуелната грчка Влада дека пред една година го обвинувала неговиот тогашен владин Кабинет за „предавнички договор”, а сега Мицотакис вели дека ќе го почитува.

„Овој договор го нарекуваше предавнички и дури во Парламентот се закануваше дека ако тој биде избран ќе биде пречка за интегративниот процес на Северна Македонија. Денес е оној кој е принуден и презема иницијативи како влада за одново да почне дискусијата за интегративната политика на Северна Македонија. Јас велам дека тоа е правилно, но оваа хипокризија ќе ја суди, не народот што гласаше за СИРИЗА, туку оние што гласаа за Нова демократија“, рекол Ципрас.