Вучиќ: Србија нема да влезе во НАТО

Александар Вучиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Србија нема да влезе во НАТО и оцени дека сега на Србија и се забележува се повеќе поради нејзиниот однос со Кина. Притоа Вучиќ прецизира дека Европската унија го прашува за тоа што ги довело Кинезите во Смедерово и Бор. Тој исто така се осврна и врз протестите против него што скоро една година се одржуваат во Белград при што изјави дека организаторите на протестите „Еден од пет милиони“ се должни да го обезбедуваат редот и да гарантираат безбедност на сите нивни собири. Тој оцени дека „случувањето народ секогаш е потпомогнато“