МНР:Најмалку 26 лесно повредени, нема загинати во автобуската несреќа кај Блаце

Илустрација од сообраќајна незгода, архивска фотографија од сообраќајна незгода на автобус на македонски автопат

Во сообраќајната несреќа на срскиот пат Блаце- Белољин, во која се преврте автобус со македонски регистарски таблички се повредени 26 луѓе од кои 18 се згрижени во болницата во Блаце а 8 во Прокуље, соопшти македонското министерство за надворешни работи. Автобусот превезувал патници на еднодневна екскурзија на Копаоник.

Според првични информации од лекарите, згрижените се надвор од животна опасност, додека едно лице во Прокупље е потешко повредено.

„Засега се сите контактибилни, но за секој случај во болницата во Прокупље се врши и компјутерска томографија за да се утврди прецизно состојбата на повредените“, соошти МНР.

Според неофицијална информација од Болницата во Блаце, Србија, патниците биле претежно од Радовиш. Според првичните информации, автобусот бил на туристичката агенција Камелија од Скопје.