Штрајк во Франција – Возовите заглавени, Версај затворен

Транспортот во Франција втор ден е во хаос, а синдикатите се надеваат дека претстои долготраен штрајк против плановите на претседателот Емануел Макрон за реформи на пензискиот систем. Повеќето француски возови, вклучително и метрото во Париз, не сообраќаат, а сообраќајниот метеж се прошири во целата земја. Замокот Версај втор ден е затворен поради штрајкот, а музејот Лувр ги предупреди посетителите да очекуваат одложувања и затворања на галериите.

Ајфеловата кула денеска повторно беше отворена по вчерашното затворање, но туристите од целиот свет имаа проблем да пристигнат до таму поради штрајкот.

Охрабрени од најголемата демонстрација на незадоволство во јавноста во изминатите години, синдикатите го објавија плановите на нов национален „интер-генерациски“ протест во вторник против реформите кои, според нив, се напад врз тешко освоените работнички права. Најмалку 800 илјади луѓе, стари и млади, вчера излегоа на протестен марш, а штрајкот ги затвори училиштата, некои јавни служби и ја наруши работата на болниците и рафинериите. Полицијата во неколку наврати употреби солзавец, а демонстрантите запалија огнови во дивеењето во источен Париз.