Путин: Москва ќе го поддржи ставот на Белград за Приштина

Сочи- рускиот претседател Владимир Путин и српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференција

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ставот на неговата земја останува непроменет кога станува збор за Косово и дека смета да основата за решавање на тоа прашање мора да биде Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН, додавајќи дека Москва ќе го поддржи ставот на Белград за прашањето за компромис со Приштина.

Путин на прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ, по нивната средба во Сочи, рече дека Москва е подготвена да поддржи компромисното решение, доколку го постигнат Белград и Приштина и дека тие ќе го поддржеле ставот на Србија.

Српскиот претседател му се заблагодари на рускиот претседател за поддршката на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, изјавувајќи дека го информирал за тековниот дијалог со Приштина и дека наскоро не очекува какво било компромисно решение, додавајќи дека ставот на Приштина е само да „заработи признание“, а Србија да не добие ништо, што, како што кажа, нема да се случи.