На самитот на НАТО Трамп засенет од импичментот

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Американскиот претседателот Доналд Трамп на самитот на НАТО во Лондон има набиена агенда на билатерални средби и состаноци, но се чини дека неговиот фокус останува во Вашингтон каде што се соочува со истрага за отповикување. Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на Конгресот објави извештај во кој се наведува дека имало докази за „непримерно однесување“ на Трамп.