Во Албанија почувствуван нов земјотрес

Нов земјотрес со епицентар во Албанија е регистриран утрово, соопшти сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресоте е на 160 километри југозападно од Скопје. Потресот бил во 9 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда од 4.3. Земјотресот е почувствуван и во Кичево, Охрид, Битола и во Скопје.

Албанија на 26 ноември, беше погодена од силен земјотрес, што однесе 52 жртва, а на две илјади луѓе се повредени.