Рама формира Национален комитет за обнова

Албанскиот премиер Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама формира Национален комитет за обнова по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември. На првата средба, Рама истакна дека Комитетот е формиран како институција што ќе го придружува целиот процес на решавање и заздравување на раните сè додека не се заврши програмата за обнова. „Верувам дека сите ние мора да се согласиме за транспарентност при искористување на сите средства“, рече тој.