Терористички инцидент во Лондон

Лондон, полицијата им помага на повредените по нападот со нож

Неколку луѓе се прободени со нож, по што напаѓачот е застрелан соопшти британската полиција. Нападот кој полицијата го опиша како терористички инцидент се случил на мостот во центарот на Лондон. Британската полиција соопшти дека по инцидентот има дополнителни полициски патроли.