Димитров - Идејата на францускиот предлог е да се забрзат преговорите

Министерот за надворешни работи Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска изјави дека во францускиот нон-пејпер има идеи што се добри и има идеи што нема да бидат лесно спроведливи.

„Важно е што се става акцент кога се презентира нон-пејперот дека идејата е да се забрза процесот. За нас е важно во регионот да има еден процес за да можеме да се натпреваруваме рамноправно со другите земји кои веќе се во пристапниот процес како што се Црна Гора и Србија, инаку нема да има реформски натпревар. И важно е што поитно да се постигне консензус меѓу земјите членки, за овој процес да се отвори“, изјави министерот Димитров, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Владата во однос на францускиот предлог за реформа на преговарачкиот процес за членство во ЕУ.

Тој рече дека Владата одржала средба со сите надлежни ресори и разговарала со многу од експертите за францускиот предлог за реформа на преговарачкиот процес за членство во ЕУ.

Димитров вели дека во следниот период неговата клучна порака ќе биде дека е потребноитно и без одлагање донесување на одлука за почеток на пристапните преговори.