Боки 13 останува во болница до понеделник

Архивска фотграфија - Бојан Јовановски, познат како Боки 13

Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски, познат како Боки 13, останува во Градската општа болница „8-ми Септември“ се додека не се комплетираат резултатите од спроведените испитувања, по што најдоцна во понеделник ќе биде испуштен од болничката установа, соопштија денеска од болницата.

Јовановски беше хоспитализиран во ГОБ „8-ми Септември“ поради контролни прегледи со упат издаден од доктор во ординацијата во КПВ Шуто Оризари.

„Сместен е во апартман во одделението за интензивна нега заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здравствена состојба. Во моментот е во добра општа состојба и здравствена кондиција“, се вели во соопштението од ГОБ 8-ми Септември.

Судењето за „Рекет“ треба да почне на 3 декември.