Систани ја осуди употребата на сила против демонстранти

Транспарент со ликот на ајатолахот Али Систани

Врховниот шиитски свештеник во Ирак, ајатолахот Али Систани ја осуди употребата на сила против антивладините демонстранти и ги повика демонстрантите да го отфрлат насилството и вандализмот.

За време на протестите загинаа најмалку 350 луѓе, а илјадници се повредени. Ајатолахот вели дека парламентот и сегашната влада треба да го преиспитаат своето однесување и да постапат во интерес на земјата.

Граѓаните излегоа на протести со барање да се намали невработеноста, да се стави крај на корупцијата и да се подобрат јавните услуги.

За време на вчерашните судири меѓу безбедносните сили и демонстрантите убиени се 33 луѓе.

Ирачката војска соопшти дека во неколку провинции биле формирани кризни штабови кои ќе се обидат да воведат ред и безбедност.