Премиерот Заев во Сараево ја прими наградата „Иса-бег Исхаковиќ“

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев во Сараево ја прими меѓународната награда „Иса-бег Исхаковиќ“ која им се доделува на странски државници за промоција на мирот, толеранцијата и разбирањето. Според Комитетот за доделување на наградата, Заев не само што значајно ги унапредил односите во регионот на Западен Балкан, туку покажал и силно политичко лидерство во контекст на порешително приближување на регионот кон Европската Унија и НАТО. „Босна и Херцеговина тргна да бара пријатели и ме пронајде мене. Со мене го пронајде и мојот мултиетнички народ на Северна Македонија и за мене тоа значи уште посилно јакнење на врските помеѓу народите. Таа награда за мене е огромна“, изјави Заев. Меѓународната награда „Иса-бег Исхаковиќ“ се доделува од 2008 година и досега ја добиле: Алија Изетбеговиќ, Иво Јосиповиќ, Колинда Грабар-Китаровиќ, Филип Вујановиќ, Борут Пахор, Хајнц Фишер, Реџеп Тајип Ердоган, Ивета Радичова, Ѓорге Иванов и Илхам Алијев.